Во “Градски парк“, дефинитивно не цветаат рози

„Врие“ во Работнички: Чековски и Илиевски ја спукаа?

„Спортмедиа“ дознава дека пред стартот на второто полувреме на гостувањето кај Кожув  каде што Работнички беше поразен со убедливи 77:56, дошло до расправија меѓу некогашните репрезентативни колеги, Ѓорѓи Чековски и Владо Илиевски. 

објавено: 6 февруари 2017 - 12:15

Во Работнички ситуацијата и натаму не е розева. По финансиските проблеми, немањето основни услови за тренирање, на дневен ред дојдоа расправиите.

„Спортмедиа“ дознава дека убедливиот пораз во Гевгелија (77:56) има дополнителна позадина, освен отсуството на Димитар Мираковски и Диме Тасовски. 

Неофицијално, пред стартот на второто полувреме, дошло до расправија меѓу Ѓорѓи Чековски и Владо Илиевски. Големата негатива по првите две четвртини (40:29) најверојатно го сторила своето, а расправијата била толку многу  сериозна, што искусниот плејмејкер во продолжение од мечот не влегол во игра.

Илиевски во игра мина 18. минути, сите ги одигра во првото полувреме. Некогашниот репрезентативец, кој средбата ја заврши со четири поени, немаше проблем со личните грешки, до првиот дел имаше само еден фаул.  

Што се однесува до Чековски, тој го одигра речиси целиот натпревар, поточно 39. минути, а во тој период имаше ефект од 14. поени и 9. скока.

По овој пораз, Работнички падна на втората позиција со 20 бода, еден помалку од лидерот Фени Индустри. 

Најново во Кошарка