Струмичани остануваат во прволигашката конкуренција

Зетов ќе ја гради „новата“ Струмица!

И понатаму шеф на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш останува Златко Зетов, кој беше на првата тренерска позиција и во изминатите неколку години.

објавено: 31 август 2016 - 17:11

Една грижа помалку има Здружението на Прволигашите, односно Македонската кошаркарска федерација во поглед на бројот на екипите кои ќе бидат дел и од следното издание на нашата Прва Лига.

Пред се затоа што раководниот тим на Струмица, ги информирал надлежните во федерацијата дека добиел и посебна „финансиска согласност " од структурите кои стојат зад некогашниот македонски шампион.


Она што е извесно е дека и понатаму шеф на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш останува Златко Зетов, кој беше на првата тренерска позиција и во изминатите неколку години.

Првичните планови се пак во овие наредни денови да се реализираат договорите со дел од играчите на кои Зетов сметаше во минатото. А веќе од следната седмица да се интензивираат подготовките како екипата би го надокнадила ова „загубено време".

Многу појасни работи во и околу Струмица ќе има до крајот на оваа седмица. Пред се затоа што сеуште траат преговорите со оние „староседелци", како Ефтим Богоев, Томчо Соколов, Марио Хасанов, но и оние помладите како Спасев, Камберов, Стојменов...

Дури потоа ќе се размислува и за избор на некои странски кошаркари, што беше некоја пракса и во Струмица во овие години наназад во кои се во оној „долен дел " од првенствената табела.

Најново во Кошарка