Нов интернационалец во редовите на освојувачот на купот

Жарко Чомагиќ е нов сокол во јатото на Карпош

Српскиот кошаркар Жарко Чомагиќ е нов член на Карпош Соколи, а потпиша договор до крајот на сезоната. Досегашното крило на ОКК Београд е искусен кошаркар и има 31 година

 

објавено: 27 февруари 2017 - 14:03

Српскиот кошаркар Жарко Чомагиќ е нов член на Карпош Соколи, а потпиша договор до крајот на сезоната.
Досегашното крило на ОКК Београд е искусен кошаркар и има 31 година.

Сезоната ја почна во романскиот прволигаш Орадеа, а пред да дојде во редовите на македонскиот освојувач на купот одигра и три натпревари за ОКК Београд во првенството на Србија.

Кошаркарот висок 199 сантиметри има играно и за екипите на Војводина, Познањ, Торун и Фалко Тренд-оптика од Унгарија. Интересно е што новиот „сокол“ во Карпош играл за Универзитетот Северна Аризона.
Чомагиќ ќе треба да го замени повредениот Зоран Вркиќ, за кого сезоната е веќе завршена поради скинати предни вкрстени лигаменти во коленото. Србинот нема право да игра во преостанатите два натпревари од АБА-лигата, но ќе биде од голема помош за тренерот Драган Николиќ, во атакот на шампионската титула во домашното првенство.

Најново во Кошарка