ЧУДНИ ОДЛУКИ НА ТИМОТ ОД „ГРАДСКИ ПАРК“

Зошто Работнички избега дури до Гостивар? Без публика може да игра во „Кале“...

Поради проблем со семафорот за 24 секунди, Работнички беше приморан да бара нова сала. Челниците на клубот, заедно со стручниот штаб одлучија тоа да биде Гостивар со изговор дека немале друго решение.  

објавено: 16 април 2018 - 13:44

Поради проблем со семафорот за 24 секунди, Работнички беше приморан да бара нова сала. Челниците на клубот, заедно со стручниот штаб одлучија тоа да биде Гостивар со изговор дека немале друго решение. Што пак е далеку од вистината.

Во „Градски парк“ уште вчера добро знаеја дека дефектот со малиот семафор нема да биде решен преку ноќ, па ако малку повеќе мислеа и на останатите љубители на кошарката, ќе најде друг излез. Прво ќе прифатеа еден од термините на МТВ за пренос на големото дерби, а потоа кога веќе одлучија да се игра без публика, овој дуел можеше да го закажат во Скопје.

Во договор со Вардар ќе го пречекаа актуелниот бранител на титулата во малата сала во „Кале“ или пак можеа да играат во малата сала во СЦ „Јане Сандански“...

Но, очигледно драмите повеќе им лежат отколку разумните решенија. Кога веќе ќе се игра пред празни трибини, ТВ-пренос мора да има, ама во Македонија не се мора ништо...Е затоа салите се празни, зошто СУЕТИТЕ секогаш се на прво место. 

 

 

 

Најново во Кошарка