МЛАДИОТ КОШАРКАР НА СЛОВЕНИЈА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕП

Дончиќ ги засени Петровиќ, Кукоч, Дивац...

Младиот кошаркар на Словенија, Лука Дончиќ  ја предводеше својата репрезентација до полуфиналето на Европското првенство. Тој беше најзаслужен за победата над Летонија од 103:97.

објавено: 13 септември 2017 - 10:27

Младиот кошаркар на Словенија, Лука Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до полуфиналето на Европското првенство. Тој беше најзаслужен за победата над Летонија од 103:97.

Најголемиот талент во светот уште еднаш покажа зошто го споредуваат со Дражен Петровиќ. Тој со 27 поени, девет скока и една асистенции на вечната листа на најдобри млади играчи го мина Дражен Петровиќ и многу други познати имиња.

Одличната партија на Дончиќ е најдобрата на еден 18-годишен кошаркар во историјата на ЕП од 1981 година. Тогаш единствен ефикасен играч беше Арвидас Сабонис. Легендарниот кошаркар имаше еден поен повеќе од Словенецот, но и беше постар една година. Сабонис и неговата репрезентација имаа полесна задача, без проблем славеше над Холандија, додека Дончиќ имаше подвигот го направи во доста неизвесен натпревар.

Најново во Кошарка