Трилерот за гостите

Драма во Краснодар - Дарушафака го нокаутира Локомотив во финалето на Еврокупот

Во драматичен прв меч од финалето на кошаркарскиот Еврокуп на ФИБА, Дарушафака по продолжение го победи рускиот тим Локомотив во Краснодар

објавено: 10 април 2018 - 21:52

Во драматичен прв меч од финалето на кошаркарскиот Еврокуп на ФИБА, Дарушафака по продолжение го победи рускиот тим Локомотив во Краснодар.

Локомотива влезе во финалето како фаворит, имаше 20 победи по ред, но Турците беа подобри и посреќни во стартниот дуел од финалната серија. Во регуларниот дел на 6,6 секунди до крајот Вилбекин со тројка и донесе продолжение на Дарушафака, а повторно истиот играч во дополнителните 5 минути ја запечати победата на гостите. Вилбекин погоди две слободни фрлања за предност од 81:78, а Кулагин промаши за тројка по што Дарушафака повбеде со 1:0 во финалето на Еврокупот.

Најново во Кошарка