ЛЕГЕНДАРНИОТ ТРЕНЕР НА „ЦРНО-БЕЛИТЕ“ СИ ГИ БАРА ПАРИТЕ

Душко Вујошевиќ го блокираше Партизан

Некогашниот европски првак, на својот екс тренер му должи 130.000 евра

објавено: 13 февруари 2018 - 09:45

Некогашниот европски првак, Партизан, е блокиран. Клубот не смее да регистрира нови играчи и тоа поради финансиски проблеми. Причина е долгот од 130.000 евра кои Партизан го има кон неговиот некогашен тренер Душко Вујошевиќ.

Популарниот Дуле е тренерот кој стана вистинска легенда во тимот на „црно-белите“, но сега ситуацијата не е како што посакуваат. Клубот веќе долго време му го должи парите кои ги одработил на клупата на белградскиот тим, па затоа дојде до овој конфликт.

По повод пишувањата дека тој стои зад блокадата на сметката, реши самиот Вујошевиќ да ги демантира тие пишувања. 

„Тоа е само една дезинформација. Моето барање на арбитражата БАТ не може да го блокира Партизан. ФИБА може да забрани доведување на нови играчи, а Партизан донесе двајца. ФИБА може да донесе и барање за елиминација на клубот од некое европско натпреварување. Како што знаете, ни едното ни другото не се случи. Блокадата е можеби поради банка или некој друг доверител“, изјави за „Блиц“, Вујошевиќ.

 

Најново во Кошарка