КАКО ЃОРЃЕВИЌ ПОГОДИ ЗА ШАМПИОНСКИ ТРОФЕЈ НА ПАРТИЗАН

Една од највредните тројки во историјата на кошарката „слави“ 26 години (Видео)

Сале Национале погоди за три поени и победа на „црно-белите“ против Хувентуд, во финалето во Истанбул

објавено: 16 април 2018 - 16:30

Легендарниот српски кошаркар, Александар Ѓорѓевиќ на денешен ден пред точно 26 години ја постигна една од највредните тројки во историјата на кошарката. Сале Национале погоди во финалето против Хувентуд за европска титула на Партизан, во 1992 година.

Финалето се играше во Истанбул во салата „Абди Ипешчи“, а Хувентуд имаше предност од 70:68 на 10 секунди до крајот. Тогаш топката ја зема Ѓорѓевиќ, кој го помина целито терен и откосо скокна, шутна за три поени и погоди. Со тие поени, Партизан победи со 71:70 и се искачи на тронот на Европа. 

Најново во Кошарка