НОВА ЕПИЗОДА ВО БОБАТА ЗА ПРЕВЛАСТ КАЈ НАВИВАЧИТЕ

Екс-водачот Кими се врати на трибина, за да биде главен на „пучистите“

Кошаркарскиот дуел меѓу Партизан и Задар го следеа преку 6.000 гледачи, а навивачите повторно имаа свое шоу

објавено: 4 јануари 2018 - 22:15

Партизан славеше против Задар со 95:87 во меч од АБА лигата, на кој во главна улога повторно беа навивачите. Челниците на Партизан решија влезот за средбата да биде бесплатен, па во „Пионир“ имаше над 6.000 гледачи. 

На трибините следуваше нов дел на раскараните навивачи на Партизан. На едната страна беа тие кои го имаат главниот збор на „Југ“, а на другиот дел беа оние кои сакаат да направат превласт. Кулминацијата меѓу двете групи се случи на фудбалското дерби против Црвена Звезда, кога се случи масовна тепачка. 

Тогаш, оние кои сакаат да ја превземат власта на трибината предводени од групите „Јанг Бојс“ и „Вандал Бојс“ засилени со хулигани од Хрватска и некои други земји од околината, започнаа тепачка, во која на крајот сепак тие најмногу настрадаа.

Овојпат на кошаркарскиот меч против Задар, стратана на „Јанг Бојс" и „Вандал Бојс" се појави некогашниот водич на навивачите на Партизан, Милош Радосављевиќ познат како Кими. Тој го водеше навивањето на „пучистите“, кои скандираа „Кај ви се „Гробарите“ покажувајќи кон другата група. Тоа го скандираа, бидејќи дел од актуелните водичи на Партизан се поранешни навивачи на Црвена Звезда. 

Од другата страна на трибината веднаш возвратија со скандирање „Кај ви се Хрватите“. Дуелот на трибината меѓу двете навивачки фракции на Партизан продолжува. 

 

Најново во Кошарка