ПО 24 ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА НА НАЈДОБРИОТ ХРВАТСКИ КОШАРКАР

Емотивно: Мајката на Дражен Петровиќ ја запозна девојката од голфот во 1993 година (Видео)

Бисерка Петровиќ ја запозна Хилал Едебал, која се возеше заедно со хрватскиот Моцарт, во кобната несреќа

објавено: 14 јуни 2017 - 20:45

Неодамна се навршија 24 години од смртта на најдобриот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ. Тогашната девојка на Петровиќ, која го возеше голфот, кој се судри со камион, а смртно настрада Дражен, никогаш не даде изјави за медиумите.

Во Голфот имаше и уште една девојка. Турската кошаркарка Хилал Едебал, успеа да преживее, но како што самата велеше, животот никогаш не и бил ист. Дури пробала да се самоубие. Сега речиси четврт век по несреќата, мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ, посака да се запознае со Едебал. 

Таа желба на Бисерка и ја исполни тирската ТВ куќа, ТРТ Свет. Тие и овозможија на Бисерка да дојде во Истанбул и да се запознае со девојката која последна го видела жива Дражен. Средбата на двете жени беше полна со емоции.

Најново во Кошарка