ЕДЕН РЕТКО ВИДЕН МОМЕНТ ВО „ГРАДСКИ ПАРК"

Еванс заби, топката излезе од мрежичката – кошот не важи (Видео)

Некаде во 13.минута од играта се случи еден доста чуден, ретко виден момент на нашите, а веројатно и на паркетите низ Европа и светот

објавено: 25 мај 2018 - 20:58

Американецот Шон Еванс украде една топка, за затрча кон противничкиот кош, силно ја заби во кошот, но на големо изненадување, таа влезе во кошот, но веднаш потоа и излезе.

За огромно чудење и кај Еванс и кај публиката во „Градски парк".

Дилемите, дека кошот не важи, ги симна првиот судија на средбата Александар Милојевиќ. 

Ваков сличен момент на дуел на МЗТ Скопје имаше пред повеќе од 10 години. Постарите љубители на кошарката се сеќаваат на магичната победа на „штрковите“ против германски Ратиофарм Улм, кога германскиот тим во контра напад поентираше со забивање, но и тогаш топката излезе од мрежичката, а потоа Перо Блажевски даде тројка за продолжение на дуелот во Сапорта Купот и потоа конечна победа на МЗТ. Тој ме се играше во старата сала на МЗТ, популарната „лименка“.

Најново во Кошарка