ЕДНО НЕВЕРОЈАТНО ПОЛУВРЕМЕ НА ТУРЦИТЕ

20 минути атомска одбрана на „Фенер", за „мир“ во Атина

Избраниците на Жељко Обрадовиќ стигнаа до првиот триумф против Панатинаикос во „ОАКА" Арената. И тоа на импресивен начин, со неверојатно второ полувреме во кое на противникот му дозволија да им даде само 16. поени (по осум во четвртина), за крајни (71:58). И само две секунди за Перо Антиќ!!!

објавено: 18 април 2017 - 21:48

Жељко Обрадовиќ знае како Панатинаикос „дише".

И Срскиот стручњак знае како да го избди максимумот од тимот кој го води и да победи.
Жељко се врати на местото на неговите најголеми тренерски успеси. Дојде во Атина, сега како тренер на Фенербахче, со една цел, неговиот тим да биде подобар од Панатинаикос.
И успеа во тоа, дури и ако се знае дека по 20. минути игра гостите од Истанбул беа во голема негатива.
На крајот, неверојатно звучат оние (71:58) за Фенербахче и водство од (1-0) во серијата „подобар од пет" против „зелените детелинки".
По добриот увод и водство во првата четвртина (16:15), Фенербахче го „снема" во онаа втората. На теренот во „ОАКА Арената" играше само еден тим, оној со „бело-зелени" обележја - Панатинакос.
Домашните кошаркари го добија тој дел од играта со убедливи (27:12), па на полувремето се стекнаа со високи (42:28).
Само две секунди беше Перо Антиќ на паркетот во тој прв дел од играта, дефинитивно, оној за заборав на турскиот големец.


Но во третата четвртина се „разбуди", поточно шутерски максимално „се отвори" Богдан Богдановиќ. Со неколку тројки (пет од шест обиди), Србинот го врати „Фенер" назад во мечот. Гостите од Истанбул ја добија таа четвртина со (20:8), за минимални (48:50), со кои двете екипи влегоа во четвртината на одлука.
Четвртина во која фенербахче покажа зошто лани беше дел од големното финале на Евролигата, и дека и оваа сака да биде дел од друштвото.
Српскиот двоец Багодановиќ-Калиниќ беше енигма за ПАО, кој во тоа второ полувреме уфрли само 16. поени (по осум во секоја од четвртините).
Енигма остана и зошто Антиќ остана на тие две секунди на теренот во Атина.
Еден час порано, во исто така возбудлив натпревар, ЦСКА во Москва ја победи Басконија (98:90) и исто така поведе со (1-0) во серијата која останува во главниот град на Русија.

Најново во Кошарка