Во знакот на турско-грчките пресметки

Антиќ и Фенербахче на мегдан со Панатинаикос во четвртфиналето на Евролигата

Четвртфиналето во Евролигата ќе биде во знакот на турско-грчките пресметки, а ќе ги има две и на двете предноста на домашен терен во евентуалните мајсторки ќе ги имаат Олимпијакос и Панатинаикос. Перо Антиќ и неговите соиграчи од Фенербахче ќе му излезат на мегдан на Панатинаикос во серијата подобар од пет натпревари, а и Олимпијакос има предност во дуелите со Анадолу Ефес

објавено: 7 април 2017 - 09:15

Четвртфиналето во Евролигата ќе биде во знакот на турско-грчките пресметки, а ќе ги има две и на двете предноста на домашен терен во евентуалните мајсторки ќе ги имаат Олимпијакос и Панатинаикос. Перо Антиќ и неговите соиграчи од Фенербахче ќе му излезат на мегдан на Панатинаикос во серијата подобар од пет натпревари, а и Олимпијакос има предност во дуелите со Анадолу Ефес.

Останатите двојки ќе бидат познати по денешните последни 4 натпревари во Топ-16 фазата. Единствена непозната за најдобриот октет кошаркарски екипи во Европа е дали Дарушафака, или Црвена Звезда ќе го освојат осмото место за продолжување на одисејата во Евролигата. Денеска тие две екипи во директен дуел ќе одлучат кој ќе му оди на мегдан на Реал Мадрид или на ЦСКА Москва. Ако победи Дарушафака ќе игра со Реал Мадрид, а во случај Црвена Звезда да слави во Истанбул ќе кигра со ЦСКа Москва, а Баксонија ќе се судри со Реал Мадрид

По четвртфиналето следува фајналфор турнирот, чиј домаќин во мај, од 19. до 21 ќе биде Истанбул.

Најново во Кошарка