„ЦРВЕНО-БЕЛА" ЉУБОВ

Антиќ не ја сака наградата на „Делиите": Таа им припаѓа на Бјелица или Рочести

Македонецот им се заблагодари за честа, но остана скромен во своите размислувања. На својот твитер профил напиша: „Им благодарам на навивачите, но, оваа награда им припаѓа на Милко Бјелица или Тејлор Рочести!Само велам..."

објавено: 8 ноември 2017 - 12:45

Знаат верните навивачи на Црвена Звезда како да му се заблагодарат на својот миленик за секоја добра партија. Иако ниту тој не ги одигра сите мечеви во октомври, пред се поради повреда, популарните „Делии" одлучија Перо Антиќ да биде нивниот играч на месецот.

Се разбира, Антиќ им се заблагодари за честа, но остана скромен во своите размислувања. На својот твитер профил Македонецот напиша:


„Им благодарам на навивачите, но, оваа награда им припаѓа на Милко Бјелица или Тејлор Рочести!Само велам..."

 

Најново во Кошарка