Гостите славеа во возбудлив финиш

Антиќ со скромни два поени, Панатинаикос ја згасна Звезда

Перо Антиќ постигна скромни два поени во поразот на Црвена Звезда од Панатинаикос на домашен терен со 63:69

објавено: 21 декември 2017 - 20:51

Перо Антиќ постигна скромни два поени во поразот на Црвена Звезда од Панатинаикос на домашен терен со 63:69.

Гостите доминираа во текот на целиот меч и ја забележаа десеттата победа, осма во последните 10 натпревари во Евролигата.

Антиќ имаше скромно издание со еден погоден шут од два обида за двојка и две утки за три поени. Нашиот кошаркар имаше и 4 скока, но и три загубени топки за 18 минути игра.

Панатинаикос ги имаше расположените Дедмон и Гист со по 16 поени, а славеа и без првиот плејмејкер во тимот, Ник Калатес, кој не играше поради повреда.

Кај белграѓани Фелдејн беше најефикасен со 21 поен во деветтиот пораз во досегашните 14 кола.

Најново во Кошарка