Македонецот со први впечатоци по победата

Антиќ: Време е за трета европска круна

"Имам две титули во Лигата од шампионите за двајцата мои синови, сега е време и за трета за малиот Петар" изјави Перо

објавено: 19 мај 2017 - 23:06

Перо Антиќ со својот Фенербахче ќе се бори за титулата во Евролигата. Турскиот тим во полуфиналето го совлада Реал Мадрид, а во големото финале за опонент ќе го имаат Олимпијакос.

"Имам две титули од Евролигата за Лука и Павел. Сега дојде време да ја освојам и третата за најмалиот Петар. Турција се уште немала клуб кој ја покорил кошаркарска Европа, сега е време за тоа" истакна Антиќ.

Најново во Кошарка