МАКЕДОНЕЦОТ Е НА ЧЕКОР КОН НОВ ФАЈНЛ-ФОР

Антиќ знае како сo Грците: Сакам да играм во таква атмосфера

Фенербахче е на чекор до пласман на Фајнл-форот во Евролигата. Турскиот тим со 2-0 се враќа од Атина, откако синоќа повторно го совлада Панатинаикос со (80:75). Во центарот на вниманието беше Перо Антиќ, кој има минато со грчкиот тим во времето кога настапуваше за Олимпијакос. Тој ги испровоцира фановите на домашниот тим, а Фенербахче на крајот дојде до голема победа. 

објавено: 21 април 2017 - 09:20

Фенербахче е на чекор до пласман на Фајнл-форот во Евролигата. Турскиот тим со 2-0 се враќа од Атина, откако синоќа повторно го совлада Панатинаикос со (80:75). Во центарот на вниманието беше Перо Антиќ, кој има минато со грчкиот тим во времето кога настапуваше за Олимпијакос. Тој ги испровоцира фановите на домашниот тим, доби свирежи откако влезе во конфликт со Синглтон.

„Навивачите на Панатинаикос се лути на мене, ние имаме историја. Сакам да играм во таква атмосфера, тоа дополнително ме мотивира. Видовме како бевме третирани од страна на претседателот, менаџерите и публика на ПАО. Кога ќе дојдат во Истанбул ќе видат како треба да се однесуваат со гости“, изјави Антиќ за турскиот медиум „amkspor.sozcu“.

Антиќ додава дека ништо не е завршено и покрај тоа што Фенербахче има водство од 2-0 и следниот меч го игра на домашен терен.

„Знаевме дека ќе биде тешко, дојдовме да се бориме. Во Истанбул ќе играме како да е 0-0, се надеваме дека ќе имаме голема поддршка од публиката“, додаде Антиќ, кој средбата ја заврши со три поени.

 

 

 

Најново во Кошарка