Го повлече зборот

Астаков се извини, чистачките во Химки куртулија од казни

Првиот човек на кошаркарскиот клуб Химки, Павел Астаков се извини и ја повлече најавата за парична казна за сите структури во клубот, изречена по поразот во Талин од Калев

објавено: 11 јануари 2018 - 18:57

Првиот човек на кошаркарскиот клуб Химки, Павел Астаков се извини и ја повлече најавата за парична казна за сите структури во клубот, изречена по поразот во Талин од Калев.

Астаков во афект најави казни за сите во клубот, од чистачки до играчи во висина од 50 посто од месечната плата. Потоа сфати дека претера и ја повлече одлуката за парична глоба.

Химки игра сосема солидно во Евролигата и моментно е на седмата позиција со девет победи и седум порази, а ова место му гарантира настап во следната фаза. Поразот од Калев беше во меч од Регионалната ВТБ лига. Утре Химки му е домаќин на Реал Мадрид во меч од Евролигата.

Најново во Кошарка