ПОЗНАТИ СИТЕ 16 УЧЕСНИЦИ НА ЕВРОЛИГАТА

Баерн ја комплетираше елитата

Со победата над Алба во финалето на плеј-офот на Бундеслигата, баварците ја формираа евролигашката слика за сезоната 2018/2019...

објавено: 17 јуни 2018 - 12:30

На половина од јуни стана јасно и кои 16 екипи ќе бидат дел од следното издание на Евролигата.

Последниот 16. клуб кој обезбеди евролигашки билет е минхенски Баерн, кој во „мајсторката" од плеј-офот во Германија беше подобар од берлинска Алба и ја освои шампионската титула, а со самото тоа си обезбеди место во елитата.

Составот на Евролигата за сезоната 2018/2019 изгледа вака:
Анадолу Ефес, Барселона, Басконија, Баерн, Будуќност, ЦСКА, Дарушафака, Фенербахче, Гран Канарија, Химки, Макаби Тел Авив, Армани Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Жалгирис.

 

Најново во Кошарка