Ќе се обидат со искусниот кошаркар да стасаат до завршницата

Барселона чека засилување од НБА лигата

Кошаркарскиот погон на Барселона ќе го ангажира искусниот Мајк Џејмс, кој доби отказ во НБА лигата и си замина од редовите на Феникс санс

објавено: 23 декември 2017 - 21:31

Кошаркарскиот погон на Барселона ќе го ангажира искусниот Мајк Џејмс, кој доби отказ во НБА лигата и си замина од редовите на Феникс санс.

Барселона стои мошне лошо во Евролигата и е далеку од пласман во Топ-8. Досега во 14 рунди, Каталонците имаат само 4 победи и дури 10 порази и се на 13. место во најквалитеното клупско натпреварување во Европа. Сепак еден од најтрофејните клубови на Стариот континент не се откажува од подвиг и пласман во завршпницата, па 27-годишниот Џејмс ќе им дојде одлично како засилување во продолжението.

Американецот има искуство со настапите во Евролигата и беше член на Панатинаикос и на Лаборал Куча, а играше и на фајнал-фор турнирот во Берлин

Најново во Кошарка