Барем крајот на годината да мине со позитивен резултат

Барселона ја сопре црната серија со победа во Русија

Барселона ја сопре црната серија од 4 порази во Евролигата со триумф во Русија против Химки

објавено: 29 декември 2017 - 20:49

Барселона ја сопре црната серија од 5 порази во Евролигата со триумф во Русија против Химки. Каталонците славеа со 79:65 и оставија надеж дека можат да приредат подвиг и во продолжението од ова натпреварување да се пробијат во Топ-8.

Гостите имаа поизбалансиран состав и заслужено се враќаат со бодовите. Триото Томиќ, Серафан и Клавер постигнаа по 12 поени кај Барселона, а најефикасни беа домашните кошаркари, Швед забележа 22 поени, а Ханикат постигна 18 поени.

Барселона има ефект од 5 победи и 10 порази, а Химки е со многу подобар учинок од 8 победи и 7 порази.

Во вториот завршен меч вечерва Ефес славеше против Бамберг со 69:58.

 

Најново во Кошарка