ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ И ЗАГРИЖУВАЧКИ МОМЕНТ ВО ЕВРОЛИГАТА

БАСКОНИЈА – ВИСТИНСКА КОЛОНИЈА: 13 странци и само еден домашен!

Странските кошаркари се доминантни фигури, практично во сите тимови од елитното друштво. Само три клуба имаа барем половичен или поголем број на домашни кои се ставени на пријавната листа на Евролигата.

објавено: 14 октомври 2017 - 18:00

Не е епохално откритие, но станува тренд кој со години наназад има се поголем раст.

Факт е дека се помалку клубови во Евролигата се потпираат на домашните сили, и дека во таа насока, бројките се навистина застрашувачки.
Странските кошаркари се доминантни фигури, практично во сите тимови од елитното друштво. Само три клуба имаат барем половичен или поголем број на домашни кои се ставени на пријавната листа на Евролигата.
Доволно е само да се фрли поглед кон ростерите на тимовите кои во изминатите две вечери ја почнаа новата евролигашка кампања.
Има интересен заклучок, кој вели дека клуб кој има најмал број на играчи со „странски пасош" е Црвена Звезда.


Перо Антиќ се води како еден од нив, па дури и Милко Бјелица, кој е роден во Белград, но се води како Црногорец...
Домашни „гарнитури" на играчи имаат уште Олимпијакос и Жалгирис, по шест, додека оние другите имаат далеку повеќе странски опции.
Предначат шпанските клубови, Валенсија има девет, Барселона десет, Уникаха 11, Реал Мадрид 12, а звучли навистина неверојатно, Басконија дури 13 странци!
На средбата со Олимпијакос, тимот од Баскија немаше ниту еден „чистокрвен Шпанец". Дури и Илимане Диоп има Шпански патен документ, но е роден во Сенегал.
Единсвениот вистински домашен играч во тимот на Пабло Приџони (уште едне странец) е Иван Мартинез за кого нема место во оние 12 кои се во протоколот...
Страшно и загрижувачки за европската кошарка

ЕКИПИ СО НАЈМАЛКУ СТРАНЦИ ВО ЕВРОЛИГАТА

Црвена звезда - 5 (Антиќ, Рочести, Фелдин, Бјелица, Лесор)
Олимпијакос - 6 (Меклин, Милутинов, Стрелниекс, Тили, Робертс, Томпсон)
Жалгирис - 6 (Дејвис, Бост, Пангос, Тупан, Мициќ, Вајт)
ЦСКА Москва - 7 (Де Коло, Вестерман, Родригез, Клејбурн, Хигинс, Хајнс, Хантер)
Панатинаикос - 7 (Синглтон, Риверс, Денмон, Гист, Габријел, Аугуст, Лоџески)
Макаби Тел Авив - 8 (Томас, Рол, Кејн, Тајус, Кол, Болден, Парахоски, Џексон)
Бамберг - 8 (Хекет, Милер, Хикман, Зизис, Николиќ, Митровиќ, Рабит, Тејлор)
Химки - 8 (Робинсон, Ханикет, Марковиќ, Гил, Тодоровиć, Андерсон, Џенкинс, Томас)
Валенсија - 9 (Томас, Дио, Ван Росом, Дубљевиќ, Плајс, Вилијамс, Грин, Дорнекамп, Хлинасон)
Анадолу Ефес - 9 (Ледо, Меколум, Браун, Мотум, Адамс, Штимац, Муриќ, Данстон, Симон)
Фенербахче - 10 (Томпсон, Мели, Ванамејкер, Слукас, Нанали, Гудуриќ, Весели, Калиниќ, Диксон, Датоме)
Барселона - 10 (Серафан, Преси, Ханга, Ертел, Везенков, Курич, Сандерс, Копонен, Томиќ, Моерман)
Армани Милано - 10 (Гаудлок, Мицов, Калниетис, Тарчевски, М'Баје, Теодор, Јанг, Џеферсон, Бертанс, Гудаитис)
Уникаха - 11 (Окуо, Мекалум, Солуаде, Салин, Милосављевиќ, Недовиќ, Шермадини, Васчински, Брукс, Агустин, Мусли)
Реал Мадрид - 12 (Козер, Рендл, Рејндолф, Радончиć, Дончиć, Мачиулис, Кампацо, Ајон, Керол, Кузмиќ, Томпкинс, Тејлор)
Басконија - 13 (Вилдоза, Тима, Војтман, Малманис, Уертас, Бобуа, Џенинг, Грејнџер, Појрие, Шенгелија, Гарино, Мекреј, Делфино)

Најново во Кошарка