ПО БЕСПРЕКОРНО ОРГАНИЗИРАНИОТ ТУРНИР

БЕЛГРАД ПОВТОРНО ЌЕ ЈА ЧЕКА ЕЛИТАТА: Сакаат да бидат домаќини и во 2020 година?

Градскиот менаџер на главниот град на Србија, Горан Весиќ најави дека српската престолнина ќе бида кандидат и за финалниот турнир на Евролигата за две години...

објавено: 21 мај 2018 - 21:15

Не поминаа ни повеќе од 24. часа откако Реал Мадрид ја стави својата десетта кошаркарска круна во Белград, а веќе можат да се слушнат приказни од типот на тоа дека сето ова што се случуваше во изминатите три дена би можело да се повтори уште еднаш.
Односно Белград за кратко време да добие ново „домаќинство" на финалниот турнир на Евролигата.

„Во средината на јуни, градот Белград ќе испрати нов допис до Евролигата, поточно до УЛЕБ и ќе се кандидираме за завршниот турнир во 2020 година. Ќе се обидеме да добиеме договор на три години. Велат луѓето дека досега никогаш немало подобро организиран турнир, без ниту еден инцидент"- изјави Горан Весиќ, претставник на менаџерскиот тим на Белград.

Според неговите зборови, на завршницата на турнирот од Евролигата овој викенд во Белград, дошле повеќе од 15.000 туристи.
Инаку, домаќин на наредниот Ф4 турнир, оној во 2019 година, ќе биде градот Виторија во Шпанија.

Најново во Кошарка