НОВИОТ АБА ШАМПИОН ДОБИ СЕРИОЗНА ЗАДАЧА

БЕРТОМЕУ ДО БОКАН: Добредојдовте во Евролигата!

Пред почетокот на состанокот во Барселона, првиот човек на елитното натпреварување Жорди Бертомеу го дочекал првиот човек на Будуќност, со зборовите „Добредојдовте во Евролигата"...

објавено: 24 април 2018 - 17:30

Пред почетокот на состанокот во Барселона, првиот човек на елитното натпреварување Жорди Бертомеу го дочекал првиот човек на Будуќност, со зборовите „Добредојдовте во Евролигата"...

„Исклучително сум задоволен поради тоа што Евролигата и Будуќност денеска ги приближија ставовите. Од тука се надеваат дека на нашиот клубќе му ги покажат следните чекори, и поставија рокови за реализација на отстранување на недостатоците во СЦ 'Морача'. Одреден е мониторинг тим кој ќе го следи сето тоа на месечно ниво. За 15 дена јасно ќе биде поставена динамиката низ план и програма, со рок на реализација до крајот на август, оваа година" - појасни претседателот на новито АБА шампион по состанокот со највисоките претставници на Евролигата.

Драган Бокан признава дека се зависи исклучително од нив самите.

„Се зависи од нас од овој момент. Мораме да покажеме висок степен на сериозност во организација на клубот, да поставиме нов менаџмент кој на дневно ниво ќе комуницира со претставниците на Евролигата. Од клучна важност е да се испочитуваат стандардите за елитното натпреварување, кога е во прашање СЦ 'Морача'. Одлучувачката одлука во сето тоа има претпријатието 'Спортски објекти", градот Подгорица, и Црна Гора"- дополни претседателот на Будуќност, кој пред десетина дена ја победи Црвена Ѕвезда во финалетo на плеј-офот во АБА лигата (3:1) и се стекна со право за настап во најсилното европско клупско натпреварување.

 

Најново во Кошарка