НОВО ЦВРСТО УБЕДУВАЊЕ ОД ЕВРОЛИГАТА

БЕРТОМЕУ УШТЕ ЕДНАШ: Ако ФИБА се обиде да казнува, ние ќе ги заштитиме играчите!

„Се надеваме дека играчите кои нема да се јават на репрезентативниот повик нема да бидат казнети. Доколку пак ако дојде до некој вид на казна, ние ќе вложуваме жалби по основ на дискриминација"- порача првиот човек на Евролигата.

објавено: 23 октомври 2017 - 20:00

 Жорди Бертомеу и неговите соработници се подготвени да одат до крај во „војната" со Светската кошаркарска федерација.

А првиот човек ушати „смирувачка порака" до сите заинтересирани страни, пред се до играчите кои се дел од ЕЦА натпреварувањето дека стојат зад нив и дека ќе превземат било какви мерки во случај неиграњето за националните тимови им донесе поголеми проблеми, како на пример соодветни казни кои би ги изрекнала ФИБА.

Јас не можам да ви кажам што ќе направи ФИБА. Ќе морате нив да ги прашате. Ние нема да менуваме ништо во нашиот календар. Долга низа на години играме во истите термини. ФИБА сама одлучи кога да ги организира мечевите однапред знаејќи дека најдобрите играчи тогаш нема да можат да играат за репрезентациите. Во изминатите пет години ја предупредуваме ФИБА на ова, нудевме решенија, но не сакаа да нè слушаат"- уште еднаш се обрати Жорди Бертомеу.

Мечевите на националните тимови се од исклучително значење за развој на кошарката. И во случај најдобрите да не играат за своите државни тимови овие квалификации за Светското првенство ќе се претворат во нешто спротивно од она што би требало и да претставуваат и ќе бидат голем ризик и разочарување за навивачите.

"Играчите имаат обврски спрема клубовите кои мораат да ги почитуваат. Настапите за репрезентациите кои од нив се очекуваат во ноември и во февруари би донело до тоа да мораат да патуваат долго, би го зголемиле ризикот од повреди. Се надеваме дека играчите кои нема да се јават на репрезентативниот повик нема да бидат казнети. Доколку пак ако дојде до некој вид на казна, ние ќе вложуваме жалби по основ на дискриминација.
Напоменувам уште еднаш дека било каква казна од ФИБА може да се однесува само за настапите на играчите во нивните репрезентации, можеби во домашните првенства, но никогаш нема да влијае на настапите во Евролигата. Ние ќе ги заштитиме нашите играчи"- потенцира уште еднаш Бертомеу што може да се очекува од Евролигата во периодот кој следува.

Најново во Кошарка