УШТЕ ЕДНА ПОСЕТА НА ИСТАНБУЛ БЕЗ ЕФЕКТ

Без Перо не оди, и не оди...го кажаа тоа и „делиите“!

Без помошта на најдобриот наш кошаркар, Црвена Звезда не помина на Босфорот. Славеше Анадолу Ефес со сигурни (104:95)

објавено: 12 јануари 2018 - 20:45

Кошаркарите на Црвена Звезда испуштија убава шанса, во дуелот со една од најслабите екипи во Евролигата да извадат победа кој ќе ги турнеше кон оние ТОП 8 места кои водат во плеј-офот.

Иако слабо почнаа, и тоа без помошта на еден од најискусните играчи, нашиот Перо Антиќ, белградските црвено-бели" успеаја да се вратат.
Во третиот период, високата негатива, двоцифрена, ја сведоа на само два поени.
Но немаа сили за комплетен пресврт, па победата од (104:95), ја земаа кошаркарите на Анадолу Ефес.
Секако, голем хендикеп за тимот од Белград бепше неиграњето на Перо Антиќ, за кого беше проценето дека е подобро да го прескокне дуелот во „Синан Ердем" домот во Истанбул. И засега нема информации колкава ќе биде паузата за напиот интернационалец.
По ова 17. коло од Евролигата, Црвена Звезда има ефект (7-10), и е на 11. место на табелата.

Потведа плус колку значи Перо Антиќ за Црвена Звезда се и реакциите на „Делиите“...

Најново во Кошарка