НАМЕСТО ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, КУСО СОООПШТЕНИЕ

БЕЗ СЕКИРАЦИИ: Работнички е во Перм, спремен да ја победи Парма

објавено: 20 септември 2017 - 13:50

Наместо прес-конференција, раководството на КК Работнички испрати едно кратко соопштение во кое ја информира јавноста, пред се онаа кошаркарската, за ситуацијата во која се наоѓа клубот, а непосредно пред првиот европски натпревар, по еднодецениска пауза.

Оној против руската екипа Парма од Перм, планиран за утре попладне.

Кошаркарскиот клуб Работнички АД Скопје ве информира дека играчите и стручниот штаб во текот на вчерашниот ден во вечерните часови пристигнаа во Перм, Русија каде што утре ќе го одиграат првиот квалификациски натпревар против Парма Перм, Русија.
Денешниот ден екипата ќе го искористи за аклиматизација во дождливиот Перм а во вечерните часови ќе одржи и тренинг во седумилјадната Арена УДС Молот каде што ќе се одигра утрешниот натпревар.
Утрешниот натпревар е со почеток од 16:30 часот по македонско време односно 19:30 по локално, руско време.
КК Работнички ги повикува своите фанови и целата кошаркарска јавност да даде несебична поддршка на клубот и играчите во првото "излегување" во Европа по повеќегодишна пауза“- велат од клубот од „Градски парк“.

Најново во Кошарка