ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ...

Боби највисокиот, Јиржи најстариот...

Европското првенство почнува за некој час, со дуелот Словенија – Полска, па е интересно да се проверат некои факти...

објавено: 31 август 2017 - 14:30

Доста интересни работи, макар и индивидуални, со себе носи овој, 40. по ред Евробаскет. Оние кои не се водат како некој статистички податоци.
На пример околу оние категории кои се нарекуваат нај, нај...


Редоследно, центарот на селекцијата на Србија, со своите 222 сантиметри е највисокиот играч на шампионатот. Зад него е Летонецот Кристапс Порзингис со 221, па Украинецот Артем Пустови (218), Гркот Јоргос Папајанис (217)...
*Во категоријата на најниски играчи влегуваат Словенецот Матиц Ребец и Белгиецот Ману Лекомт со по 180 сантиметри.
*Со просечна висина од 203.8 сантиметри, селекцијата на Грција е највисока на овој турнир, следена е од Србија која има 202.2 сантиметри...
*Најстара екипа на Евробаскетот е онаа на Финска, со просек од 29.01 година, пред Италија (28.05) и Хрватска (28.03).
*Најмлади се Германците кои во просек се „стари" со 24.04 години.


*Чехот Јиржи Велш е најстариот кошаркар на континенталното првенство. Некогашниот НБА игра има полни 37. Години (роден 27.01.1980 година), а негови врсници се Шпанците Хуан Карлос Наваро (13.06.1980) и Пау Гасол (06.07.1980) и „вечниот Финец", Тему Ранико (09.09.1980 година).
*Најмлад кошаркар на овој шампионат е Грузиецот Гога Битадзе.Тој е роден на 20.07.1999 година, и е нешто помлад во однос на словенечкиот вундеркинд, Лука Дончиќ (28.02.1999) и Црногорецот Дино Радончиќ (08.01.1999 година).

Најново во Кошарка