ТРАДИЦИОНАЛЕН ИЗБОР НА „ЕУРОБАСКЕТ"

Богдан пред Тео и Лука

Србинот од Сакраменто Кингс, а во првиот дел освојувач на Евролигата со Фенербахче, е прогласен за играч на годината...

објавено: 9 јануари 2018 - 13:00

Богдан Богдановиќ, играч на Сакраменто кингс, а претходно и на Фенербахче е најдобриот кошаркар во Европа за 2017 година во изборот на специјализираниот кошаркарски портал „Еуробаскет".

Српскиот интернационалец доби убедливо најмногу гласови во изборот, веројанто и со право ако сње земе в предвид дека освен освојуавњето на Евролигата како играч на Фенербахче, зад себе има и сребро од Европскиот шампионат со селекцијата на Србија, но и трансфер, за висока сума на долари во НБА лигата.
Најдобриот бек е најмладиот во оваа конкуренција, Словенецот Лука Дончиќ заедно со Горан Драгич, одигра сензационален турнир и стигна до златниот медал на Евробаскетот.
А заедно со Реал Мадрид поставува нови индивидуални граници.
Иако не блескаше како во некои други сезони, сепак, Французинот Нандо Де Коло од ЦСКА е избран за бек-шутер на годината, а Јоргос Принтезис од Олимпијкос за најдобра „четворка".
Очекувано, Екпе Јудо, кој беше дел од европскиот шампион Фенербахче (сега во Јута Џез), и МВП на „Фајнал-форот" од Евролигата во Истанбул, е најдобар на центарската позиција.
Без дилеми беше и тренерскиот избор – српскиот Словенец, или словенечкиот Србин - Игор Кокошков.
Од овие играчи е формирана и идеалната петорка на „Еуробаскет". Во онаа втората пак се најдоа: Милош Теодосиќ (ЦСКА-ЛА Клиперс), Кејт Ленгфорд (Уникс-Шенжен), Алексеј Швед (Химки), Торнике Шенгелија (Баскониа) и Јан Весели (Фенербахче).

НАЈДОБРИТЕ ВО 2017 ГОДИНА
Европски играч на годината: Богдан Богдановиќ (Фенербахче-Сакраменто Кингс)
Европски бек на годината: Лука Дончиќ (Реал Мадрид)
Европски бек-шутер на годината: Нандо Де Kоло (ЦСКА)
Европско ниско-крило на годината: Богдан Богдановиќ (Сакраменто Кингс)
Европско силно-крило на годината: Јоргос Принтезис (Олимпијакос)
Европски центар на годината: Екпе Јудо (Фенербахче-Jута Џез)
Европски тренер на годината: Игор Кокошков (Јута Џез)

ЕВРОПСКИ ТИМ НА ГОДИНАТА
ПРВА ПЕТОРКА
Лука Дончиќ (Реал Мадрид)
Нандо Де Коло (ЦСКА)
Богдан Богдановиќ (Фенербахче-Сакраменто Кингс)
Јоргос Принтезис (Олимпијакос)
Екпе Јудо (Фенербахче-Јута Џез)

ВТОРА ПЕТОРКА
Милош Теодосиќ (ЦСКА-ЛА Клиперс)
Кејт Ленгфорд (Уникс-Шенжен)
Алексеј Швед (Химки)
Торнике Шенгелија (Баскониа)
Јан Весели (Фенербахче)

СЕ-ЕВРОПСКИ ТИМ НА ГОДИНАТА
ПРВА ПЕТОРКА
Горан Драгич (Мајами)
Богдан Богдановиќ (Сакраменто Кингс)
Јанис Адетокумпо (Милвоки Бакс)
Кристапс Порзингис (Њујорк Никс)
Руди Гобер (Јута Џез)

ВТОРА ПЕТОРКА
Денис Шрoедер (Атланта Хокс)
Еван Фурние (Орландо Меџик)
Нандо Де Коло (ЦСКА)
Никола Јокиќ (Денвер Нагетс)
Марл Гасол (Мемфис Гризлис)

Најново во Кошарка