ЛЕТОНИЈА СЕ БРАНЕШЕ, НО ПОБЕДИ СРБИЈА

Богдановиќ ги полета „орлите" (ВИДЕО)

Летонскиот тим предводен од Порзингис и браќата Бертанс им создаде големи проблеми на фаворитите. Се држеа се до 39 минута, но Србија го имаше неверојатниот Богдан Богдановиќ, за почетен плус (92:82).

објавено: 1 септември 2017 - 18:20

Летонците имаа далеку подобар, би се рекло и „летечки старт" на овој меч. Помалку изненадувачки, во само шест минути од првата четвртина, поведоа со двоцифрени, високи (22:10).

Но четата на Александар Ѓорѓевиќ брзо се консолидираше. Преку својот најдобар стрелец, Богдановиќ, до истекот на првиот период се вратија на „поднослив минус" од три поени, (21:24).

Освен поентирањето на новиот играч на Сакраменто (15. поени), добриот офанзивен скок на „орлите" им донесе вистински пресврт во втората четвртина. Имаа дури десет поени од офанзивни скокови, и водство од седум поени (42:35) во 17. минута од играта.


Но, финишот на четвртината, односно оние нецели три минути, им припаднаа на Летонците. Добро искомбинираа со поените и Порзингис и Даирис Бертанс (заедно 25) во серијата (12-3), сосема доволно за минимално водство на одморот (47:45).
Богдановиќ одигра симултанка во второто полувреме на еден од најквалитетните мечеви во досегашниот дел од шампионатот. Или подобро кажано беше „присутен" на теренот кога беше најпотребно.
Иако Србите ја изгубија предноста (по неверојатната тројка на Порзингис, на 3:14 минути пред крајот, губеа со 75:73), тука беше Богдановиќ.


Со помош на асистентот Јовиќ и универзалниот Мачван, отворија победничка серија, за водство (83:77), кое го претворија во прва победа.
Богдановиќ застана на 30. поени (4. асистенции и 3. скока), капитенот Мачван до двоен ефект од 14. поени и 10. скока, а највисокиот во екипата, Бобан Марјановиќ уште 13. поени и 6. скока.
Браќата Бетанс комплетираа 39. поени, а и покрај проблемите со личните грешки, Порзингис реализираше 18. поени и 4. скока, за скоро 29. минути во игра.

 

Најново во Кошарка