Оставка на Богдан Тањевиќ и крај на кариерата

БОША КАЖА: Доста е!

Раководството на црногорската федерација соопшти дека досегашниот селектор на „А" тимот донел одлука да се повлече и во исто време дека завршува со кариерата.

објавено: 14 септември 2017 - 13:30

Богдан Тањевиќ повеќе не е селектор на сениорската репрезентација на Црна Гора.

Раководството на црногорската федерација соопшти дека досегашниот селектор на „А" тимот донел одлука да се повлече и во исто време дека завршува со кариерата.
И дека се големи должници на големиот тренер.

„Му должиме посебна благодарност за ангажирањето во последните три години во кои даде голем придонес за поставување на систем во тренерската организација, како и резултатите на А тимот, но и младинските репрезентативни категории. Со задоволство сакаме да ја запознаеме јавноста дека Тањевиќ ќе остане на чело на тренерската организација, и од таа позиција ќе придонесе на понатамошната афирмација на црногорската коашрка, како и едукација на младите црногорски тренери"- се наведува во соопштението на црногорската федерација.

По ова останува прашањето дали федерацијата ќе го прифати и предлогот на Тањевиќ негов наследник на клупата да биде Дејан Радоњиќ или пак Душко Ивановиќ?

 

Најново во Кошарка