ЛЕТОНИЈА Е БЛИСКУ ДО ТОА ДА ОСТАНЕ ВО ИСТАНБУЛ

Британците немаа што да бараат покрај Порзингис и Бертанс (ВИДЕО)

И после првите два натпревари беше јасно дека Велика Британија (и не е првпат),нема што да барана овој европски шампионат.

објавено: 4 септември 2017 - 16:00

Секако, кога играш проти селекција како Естонија која има еден убиствен тандем, тие работи станувата во најмала рака, уште посложени. Па проблеми со нив би имале и уште поквалитетни селекции од британската.

Кристапс Порзингис и Давис Бертанс беа доста расположени за мечот од 3 коло од групата „Д", онаа во Истанбул. И го предводеа летонскиот тим до сигурна победа, иако крајните бројки велат, упатуваат на некој друг заклучок.
Само со пет поени разлика (97:92), заврши овој дуел по кој тимот од Балтикот е поблиску до тоа да остане каде што е, отколку да си замине дома.
За Британците, оваа мисија е завршена.

Од проста при;ина што немаа играч;и како Порзингис и Бертанс кои заедно уфрлија 50. поени. Поединечно гледано „Порзи" имаше 28. поени (21 во првото полувреме), а Бертанс пак 22 со неверојатни 7 од 8 во шутот за три поени.
Само во два наврати во текот на мечот, Велика Британија имаше егал резултат. По оние (2:2) на почетокот, нешто подоцна во првата четвртина имаа (14:14).
Да заминувањето во соблекувалните, Естонија имаше плус 10 (50:40), а нешто подоцна таа предност беше утроена (84:55).

Затоа се и чудни оние (97:92) на крајот.
Габриел Оласени имаше дабл-дабл скор за тимот од Островот (23. поени и 10. скока)
Во наредното коло, утре, Летонија ќе игра против Русија (13.15 часот), а Велика Британија против Србија (од 16.часот).

Најново во Кошарка