ТЕЖОК ПОРАЗ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ВО 7. КОЛО ОД ЕВРОЛИГАТА

„Црвената армија" маршираше низ Белград

Московска ЦСКА демонстрираше сила, демонстрираше моќ и ја освои „Арената" (85:59). Перо Антиќ на девет поени и пет скока во дебаклот на „црвено-белите“...

објавено: 15 ноември 2017 - 21:00

„Руска" мина и тоа „нагазна" за Црвена Звезда во Евролигата.

Беа кошаркарите на ЦСКА фаворити во дуелот против тимот на Перо Антиќ. Но никој во црвено-белиот состав не веруваше дека ќе бидат така демолирани.
Црвена Звезда – ЦСКА 59:85
Неверојатно, но сосема вистинит исход на дуелот во Белград во кој„црвеноармејците" ја покажаа сета своја сила, своја моќ. Како изгледаше тоа „долу" на теренот, говори и скорот по три одиграни период во кои тимот од Москва водеше со плус 31,(65:34).
Не помогна многу ниту Перо Антиќ...
За 21:16 минути на паркетот во Арената ислното крило кое се врати во тимот, по кратка пауза, реализираше девет поени (1/5 за три,1/2 за два и 4/5 за еден поен), пет скока и две загубени топки.

Најново во Кошарка