ПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА ВО ЕВРОЛИГАТА

ЦСКА е силна, тоа го „виде“ Барса!

Старата добра „црвена армија" уште во првиот круг покажа дека е подготвена да направи еден чекор напред, да ја освои Евролигата.

објавено: 11 октомври 2018 - 22:48

Старата добра „црвена армија" уште во првиот круг покажа дека е подготвена да направи еден чекор напред, да ја освои Евролигата.
Го потврдија тоа „црвеноармејците" уште во првиот натпревар во новата сезона коај стартуваше вечерва.
Оној во Москва против уште една голема екипа – Барселона.
Но се чини дека тоа е само на „хартија" затоа што каталонците не беа рамноправен ривал за ЦСКА.
Имаа московјаните четворица расположени кошаркари, Хигинс (18), Де Коло (17), Клејбурн (13) и Родригез (12. поени) и повеќе од доволно да се скрши отпорот на четата на Светислав Пешиќ.
На крајот убедливи, плус 20 (95:75), во кои кај гостите од Барселона, Кајл Курич даде 15, а Јака Блажич уште 11.поени.
Панатинаикос долго време имаше комотна разлика во дуелот со Макаби од Тел Авив, но стравуваа за победа „зелените детелинки" се до последната минута.

На крајот, Мет Лоџески извади неколку битни поени (од вкупно 20) за конечни (89:84).

Кеит Ленгфорд уфрли 13. поени, додека пак неверојатниот Ник Калатес комплетираше дури 14. точни додавања до соиграчите.

Одличен деби настап, но без краен ефект на другата страна реализираше Скоти Вилбекин. Новиот плеј на „гордоста на Израел" во Атина финишираше со 24. поени и 8. асистенции и два скока.
Убедливо делуваше, и тоа на гостински терен Анадолу Ефес. Лесно стигнаа до победата во „Ауди Арената" во Минхен. Го совлада Баерн со убедливи (90:71).
А дури петмина кошаркари од тимот од Истанбул завршија со двоен број на поени. Ботум (14), Ларкин (13) Андерсон (12), Моерман и Плајс по (11).

Во баварскиот состав, кој се појави на најголемата евро-сцена, Ѓедовиќ реализираше 17.поени, Јовиќ имаше два помалку, Лучиќ даде 11, а новакот Копонен 10. поени.
Првата вечер ја заокружи шампионт – Реал.
Тимот од Мадрид пред своите гледачи беше немилосрден против турската Дарушафака (109:93).

Колку беа доминантни „кралевите“ говори и тоа дека во третата четвртина уфрлија дури 38. кошеви, дека дадоа дури 15. тројки, па и некоја подобра екипа од „Дачка“ ќе паднеше на теренот во Мадрид 

Повеќе од тоа Пабло Ласо, најдобриот тренер во Евролигата за минатата сезона (го доби признанието пред почетокот на овој натпревар), го радува фактот дека дури шестмина негови кошаркари имаа десет и повеќе поени - најмногу Американецот со словенечки пасош, Ентони Рејндолф - 16. 

ЕВРОЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ ПРВО КОЛО
Барселона – ЦСКА 95:75
Панатинаикос – Макаби ТА 89:84
Баерн – Анадолу Ефес 71:90
Реал Мадрид – Дарушафака 109:93
ПЕТОК:
18.45: Будуќност – Армани Милано
19.00: Химки – Олимпијакос
19.00: Жалгирис – Басконија
19.45: Фенербахче – Гран Канарија

Најново во Кошарка