Откако и по трет пат беа подобри од Басконија

ЦСКА ќе ја брани титулата во Истанбул

„Црвената армија“ помина на гостувањето во Виторија, славеше со тесни (90:88) и со максимални (3-0) му се придружи на Фенербахче на собирот на четирите најдобри во Евролигата.

објавено: 25 април 2017 - 23:13

Кошаркарите на ЦСКА од Москва ќе ја бранат титулата во Евролигата освоена на ланскиот собир на најдобрите четири екипи на Стариот континент.

До ваква шанса „црвеноармјеците“ стигнаа со триумф и на гостувањето во Виторија од (90:88 ). Па со оние два кои ги донесоа од Москва, ги собраа потребните три кои значат крај на четвртфиналната серија против Басконија.

Имаа доста проблеми да ја реализираат својата намера избраниците на Димитриос Итудис.Но во последната минута имаа комфорна разлика од шест поени. Но несвојствено за нив, направија неколку грешки, последната при резултат (90:88), ја „поделија“ најдобрите играчи Де Коло и Теодосиќ.

Им дадоа последна шанса на баскијците. Односно десетина секунди во кои прво Ларкин се обиде за три поени. Иако веројатно беше фаулиран, судиите останаа „мирни“. Топката ја фати Ханга, но неговиот обид беше блокиран од снажниот Хајнс, па ЦСКА е вториот патник за Истанбул.

Некој час порано, место на „Фајнал-форот“ во „Синан Ерден“ Арената (19-21 мај) обезбеди и домашниот Фенербахче на нашиот Перо Антиќ, кој со идентичен скор (3-0) го елиминираше гршкиот Панатинаикос.

Најново во Кошарка