ДРАМАТА ВО БАМБЕРГ ЗА ТУРСКИОТ ТИМ

Дарушафака остана во игра за четвртфиналето

Дарушафака ја продолжи неизвесноста околу последниот патник во 1/4 финалето во Евролигата, откако на гостувањето кај Брoсе Баскетс. славеше со 99-97 по дополнителните пет минути. 

објавено: 30 март 2017 - 23:03

Неизвесноста околу последниот патник во четвртфиналето во Евролигата продолжува, откако Дарушафака на гостувањето кај Бросе Б. славеше со 99-97 (22-14, 18-15, 18-26, 26-29, 13-15) по дополнителните пет минути. 

Дилемата околу тоа кој ќе игра во плеј-офот како осмопласиран тим ќе биде решена во последното коло, Кога Црвена Звезда ќе ѝ гостува на Дарушафака  во Истанбул. Доколку српскиот тим утре го добие дуелот со Уникс на домашен терен, а потоа забележи пораз на гостувањето кај Дарушафака, во тој случај нема да се најде во Топ 8.

Вонамејкер со 30 поени и Клејбурн со 26 поени беа најефикасни кај победникот.

Во првиот натпревар од претпоследното коло, Анадолу Ефес на домашен терен го совлада Олимпијакос со 77-69, додека Барселона на домашен терен беше подобра од Макаби Тел Авив со 76-71.

 

 

Најново во Кошарка