ЗА 48 ЧАСА, ДВЕ РАЗЛИЧНИ ИЗДАНИЈА НА КАРПОШ СОКОЛИ ВО ЕВРОПА

ДАСКАЛОВСКИ ЗАДОВОЛЕН: Научивме доста, ќе се надградуваме во Еврокупот

„Сакав и видов желба кај играчите. Таа и не донесе кон овој резултат. Позитивен, но за жал недоволен. Испаѓа дека деталите се круцијални на вака важни натпревари. Со капитенот Соколов во ротацијата, играта е далеку поквалитетна, особено во одбраната“- анализира Даскаловски за случувањата во вторите 40. минути од двомечот со Калев Крамо.

објавено: 21 септември 2017 - 21:40

Кaрпош Соколи му се реваншираше на Калев Крамо за поразот од пред две вечери доживеан во Скопје, но нема да го гледаме повеќe во Лигата на шампионите на ФИБА, туку во еден понизок степен на натпреварување - ФИБА Европа купот.

 „Соколите“ беа во игра за такво нешто на гостувањето на Талин, но на крајот стигнаа до победа од „само“ три поени, (81:78), недоволна за да анулираат оние - 8 (79:87), од првиот меч одигран во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. 

Очигледно е дека она што го реков пред две вечери имаше свое, позитивно влијание на овој натпревар. Сакав и видов желба кај играчите. Таа и не донесе кон овој резултат. Позитивен, но за жал недоволен. Испаѓа дека деталите се круцијални на вака важни натпревари. Со капитенот Соколов во ротацијата, играта е далеку поквалитетна, особено во одбраната. 

Ние нашата шанса ја испуштивме пред две вечери во Скопје. Но што е тука е. Мислам дека научивме некоја лекција како треба да бидеме, да играме понатаму. Ова е само старт на сезоната во која не очекуваат уште многу искушенија.

И не треба да се заборави дека ова е еден па сосема друг состав на Карпош Соколи во однос на ланската сезона. Имаме доста нови играчи кои треба да ’ се најдат ’ себеси во овој клуб. Очекувам тоа да биде така за некој не баш долг период. 

Ме радува што променивме доста работи во играта, пред се оној пристап кон поставените обврски. Којзнае можеби заслуживме ние да се радуваме на крајот. Но оној лош период, последна четвртина во Скопје не чинеше пласман во следната фаза“.

Како и да е, Карпош Соколи останува на европскиот пат, макар на еден друг колосек, Европа купот?

„Би сакал да останавме на овој, каде што има уште поквалитетни противници во наредните кругови од елиминациите. Но, ни преостанува да се престроиме, да тренираме уште понапорно, и да пробаме да бидеме уште подобри од она што бевме вечерва во Талин. Мислам дека овој тим го може тоа. Не очекува голем предизвик и во Еврокупот “- додава Даскаловски по триумфот во главниот град на Естонија, макар и недоволен за премин во следната фаза од ЛШ. 

Најново во Кошарка