ОТКАКО НЕ ОСВОИЈА НИШТО ВО СЕЗОНАТА ЗАД НАС

Дејвид Блат е желбата на Олимпијакос

Зад себе пирејците имаат разочарувачка сезона во која останаа без титула во Грција (загубија од Панатинаикос), а испаднаа во плеј-офот од Евролигата каде подобар од нив беше Жалгирис...

објавено: 21 јуни 2018 - 21:30

После поразот во „мајсторката" од финалето н грчкиот плеј-оф од Панатинаикос, раководството на грчкиот гигант излезе на пазарот со намера да најде замена за сменетиот тренер Јанис Сферопулос.

Наводно, пирејскиот клуб веќе е во преговори со Дејвид Блат, кој во изминатите две сезони работеше во турската Дарушафака со која лани играше во плеј-офот на Евролигата, а оваа година го освои Еврокупот, и ја врати „Дачка" во елитната конкуренција.
Некогашниот тренер на Кливленд Кавалирс сакаше да се врати во НБА лигата, и со оглед на тоа дека таа опција е се помалку извесна, Блат веројатно повторно ќе работи во Европа.

Некои зборуваа дека можеби ќе биде замена за Димитрис Итудис во московска ЦСКА, иако тие шпекулации некако беа намалени откако „армејците" ја одбранија титулата во ВТБ лигата.
Инаку, во својата богата тренерска кариера, Блат веќе работеше во Грција, каде го предводеше солунскио Арис.

Најново во Кошарка