КОГА ТОА ГО ВЕЛИ СЈАЈНИОТ ГЕРМАНЕЦ

ДИРК: Дончиќ ќе биде одличен, но подобро е да игра „двојка"

Легендарниот кошаркар на Далас Маверикс, Дирк Новицки е сигурен дека Лука Дончиќ може да игра во НБА со голем успех.

објавено: 25 мај 2018 - 17:30

Легендарниот кошаркар на Далас Маверикс, Дирк Новицки е сигурен дека Лука Дончиќ може да игра во НБА со голем успех.

„Има комплетна игра, шут од дистанца, шут од надскок, шут од степ-бек. Сјаен е с топката, може да води пик-ен-рол, што овде ќе му дојде навистина добро, затоа што ова е сепак 'пик-ен-рол' лига. Ми се чини дека е прилично лукав за своите 19.години, уште сега игра како искусен" - вели Новицки за „потенцијалот" на младот Словенец.

Сепак, Дирк не е сигурен на која позиција кошаркарот на Реал мадрид би се снашол најдобро во НБА лигата.

„Мислам дека би му претставувало мала потешкотија, од оној атлетски аспект, ако би играл на 'единица'. Доволно е голем да игра на 'двојка' особено ако се земе в предвид дека сега сите играат со ниски постави. Мислам дека ќе биде во ред" - дополни легендарниот Германец.

Драфтот во НБА лигата е на програмата на 21.јуни во Бруклин. Се очекува Лука Дончиќ да биде избран како еден од првите пет пика на овој спектаклуларен избор.

Најново во Кошарка