СЕРГЕЈ БАЗАРЕВИЧ ИЗНЕНАДИ СО НАЈАВАТА:

До вчера не ги имав гледано Грците...

Грците до вчера ги немав гледано. Тие се добар тим, и го покажаа квалитетот на паркетот. Во групната фаза, можеби, не изгледаа брилијантно, но многу се искусни, и тоа им помага во клучните моменти", вели рускиот предводник од клупата, а пред четвртфиналниот дуел (вечерва од 17.45 часот), против нашиот јужен содед

објавено: 13 септември 2017 - 16:40

Русија сака да се врати на старите позиции во европската кошарка. И се чини дека сега се многу блиску да го реализираат тоа.

Само еден слаб момент има во досегашниот дел од Евробаскетот, оној пораз од Летоннја, кој ги симна од првата позиција во групата „Д". И за противник им ја донесе селекцијата на Хрватска. Селекција со сличен квалитет која едноставно ја прегазија (101:78), па си обезбедија четвртфинале. Со уште еден силен ривал, Грција.
Рускиот селектор, Сергеј Базаревич, не се плаши од четвртфиналниот противник, но го почитува. Интересно вели дека до пред да дознае со кого ќе игра за место во полуфиналето, не го гледал следниот противник.

„Сакаме да одиме чекор по чекор. Грците до вчера ги немав гледано. Тие се добар тим, и го покажаа квалитетот на паркетот. Во групната фаза, можеби, не изгледаа брилијантно, но многу се искусни, и тоа им помага во клучните моменти"- вели Базаревич.

Грците пак сите свои одбранбени механизми ќе ги усмерат кон Алексеј Швед, кој е прв стрелец и трет асистент на првенството.

„Русија има играч од кого зависи играта на тимот, и тоа околу 60 проценти. Ако му дадете многу слобода на Швед, тој е способен сам да му донесе победа на својот тим. Тој е лидер на Русија и игра во голема форма. Мора да бидеме сконцентрирани во одбраната и да најдеме начин како да го неутрализираме. Мора да му посветиме внимание и на Тимофеј Мозгов, но не треба да ги потцениме и другите поединци. Целиот руски тим игра со голема самодоверба на овој турнир"- изјавија од стручниот тим на нашиот јужен сосед, кој место во четвртфиналето си обезбеди со победата над Литванија (77:64).

 

Најново во Кошарка