КАКО СЕ „РАЗВИВА" ЕВРОЛИГАТА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИ

Доминација на „црвената армија"

Откако Евролигата го „освежи" форматот, и воведе лигашка прва фаза, доминира тимот од Москва, а зад него се Реал Мадрид и Фенербахче...

објавено: 7 април 2018 - 21:10

Крајот на оној регуларен, лигашки дел од Евролигата донесе резултати кои веднаш се ставени на една компаративна анализа. Како беше во овие две сезони во кои Евролигата се реши за вистинска лига, со по 16 клубови, од која половина од нив влегуваат или остануваат во трката за трофејот кој оваа година ќе се доделува во Белград.
Збирно гледано, најдобар тим во овие две евролигашки сезона е оној на ЦСКА. Според резултатот (46 победи и 14 порази), тимот од Москва е подобар во однос на оние на Реал Мадрид (42-18 и ба актуелниот бранител на насловот, Фенербахче, кој во две години има ефект (39-21).

Во однос на првата година, од учесниците во плеј-офот подобар скор во овие 30. одиграни кола од Евролигата имаат токму „армејците", кои оствари рекорд според бројот на победи во првиот дел – 24, плус и Фенербахче и Жалгирис, а генерално подобри се уште и Макаби од Тел Авив, Бросе Баскетс и милански Армани.
Нешто полош е резултатот на Барселона и на Басконија, додека грчките великани, Панатинаикос и Олимпијакос имаат апсолутно исти бројки во двете сезони.
Од другите шест клуба кои земаа учество во само една од двете сезони, најлош скор има Уникс од Казан, само 8. победи и 22.порази.
Шампионот на АБА лигата, белградска Црвена Ѕвезда за која оваа сезона настапува Перо Антиќ, е осма во ова рангирање со ефект од 27. победи и 33.порази.
Тимот од Белград е еден од неколкуте кои оваа сезона го расипаа ефектот во однос на ланската. Покрај нив полош скор имаат и Реал Мадрид, а особено Анадолу Ефес, кој е едно на најголемите разочарувања.


РЕЗУЛТАТИ ВО ЕВРОЛИГА (2016-2018): ЦСКА 46-14, Реал Мадрид 42-18, Фенербахче 39-21, Олимпијакос 38-22, Панатинаикос 38-22, Басконија 33-27, Жалгирис 32-28, Црвена Ѕвезда 27-33, Анадолу Ефес 24-3, Макаби Тел Авив 23-37, Барселона 23-37, Бросе Баскетс 21-39, Армани Милано 18-42;
ЕКИПИ КОИ ИГРАЛЕ САМО ЕДНА СЕЗОНА: Химки 16-14 (2017/18), Дарушафака 16-14 (2016/17), Уникаха 13-17 (2017/2018), Валенсија 12-18 (2017/2018), Галатасарај 11-19 (2016/2017), Уникс 8-22 (2016/2017)

 

Најново во Кошарка