ПРЕД СТАРТОТ НА ФАЈНАЛ-ФОРОТ ВО БЕЛГРАД

ДОНЧИЌ БАРА ПОДРШКА: Не знам дали ќе одам во НБА, сакам подршка од белграѓани!

Бекот на Реал Мадрид вели дека сеуште не е сигурен дали следната сезона ќе заигра во најсилната лига на светот...

објавено: 17 мај 2018 - 19:30

Бекот на Реал Мадрид вели дека сеуште не е сигурен дали следната сезона ќе заигра во најсилната лига на светот...

Не знам, за тоа ќе разговараме кога ќе заврши сезоната" – кажа словенечкиот бисер, за време на прес-конференцијата одржанат пред стартот на финалниот турнир на Евролигата.
„Особено е посебно да се биде овде во Белград. Имавме тешка сезона. Би било навистина неверојатно да ја комплетираме со титулата. И овде сме поради тоа, поради трофејот. Се трудиме да уживаме, кога сме на теренот, мораме да мислиме само на мечот" - вели Дончиќ. „Имавме тешка, но и добра сезона. ЦСКА е неверојатен тим, имаат многу врвни играчи, мораме да одиграме совршено доколку сакаме да ги победиме".

На апрашањето дали очекува подршка од белградската публика, Лука одговара:

„Се надевам дека ќе ме подржат. Јас сум ѕвездаш, го сакам Белград, многу пати сум бил овде".

Реал Мадрид го игра вториот полуфинален меч од овој финалнен турнир. Закажан е за петок од 21.часот.

Најново во Кошарка