ЧУДА ПРАВИ МЛАДИОТ СЛОВЕНЕЦ

ДОНЧИЌ КАКО КЕЦМАН: Каталонците клекнаа пред младиот „крал" (ВИДЕО)

Неверојатен погодок реализираше младиот Словенец на кошаркарското „Ел Класико" сега и во Евролигата.

објавено: 14 декември 2017 - 22:45

Лука Дончиќ продолжува да го воодушевува кошаркарскиот свет.

Од ден на ден, младата словенечка сензација „вади" потези кои се за оние рекламните ТВ шпици.
Па исклучок не беше ниту кошаркарското „Ел Класико", сега во рамките од Евролигата, дуелот во кој Реал Мадрид ја пречека Барселона.
Пред крајот на третата четвртина, дури и помалку „несакајќи", Дончиќ ја прими топката под својот кош, а потоа со обид преку целиот терен, го погоди оној противничкиот.
За вистински делириум во Мадрид...

 

 

 

Најново во Кошарка