ДИВАЦ ВО МАДРИД, ТОА Е ВЕЌЕ НЕШТО...

ДОНЧИЌ ОСТАНУВА „КРАЛ", aма во Калифорнија? (ВИДЕО)

Генералниот менаџер на Сакраменто, Владе Дивац „во живо" го следеше вториот меч од полуфиналето на шпанскиот плеј-оф помеѓу Реал Мадрид и Гран Канарија...

објавено: 6 јуни 2018 - 10:00

Првиот оперативец на Сакраменто Кингс, Владе Дивац, наголемо се подготвува за НБА драфтот закажан за 21. Јуни, а според некои информации не е исклучено „кралевите" од Калифорнија од втората позиција, која ја имаат на располагање, го изберат најдобриот играч во Евролигата и шпанската Ендеса Лига, Лука Дончиќ.

Некогашниот спортски директор на Реал (додека клубот го водеше Рамон Калдерон), присуствуваше во Мадрид, и „во живо" го следеше новото добро издание на младиот Словенец, кој реализираше 14.поени (2/2 за два 3/6 за три и 1/2 за еден поен) и по седум скока и асистенции за 20 индексни поени (толку имаше и Густаво Ајон).
На неодамна одржаниот „Фајнал-фор" на Евролигата во Белград, Дончиќ говореше дека постои шанса да заигра во ист тим заедно со Богдан Богдановиќ.
Пречка би можело да претставува фактот дека од првата позиција ќе бидат Феникс Санс кој од неодамна го предводи Игор Кокошков, учителот на Дончиќ во селекцијата на Словенија со која го освоија Евробаскетот минатата сезона.

  

Најново во Кошарка