ПОЧЕТОК НА ЕП, СО СИГУРЕН ТРИУМФ НА СЛОВЕНИЈА

Драгич како вистински „змај" (ВИДЕО)

Горан Драгич беше убедливо најефикасен кошаркар во победничката селекција со 30 поени, а Видмар и Дончиќ постигнаа по 11. Кај Полјаците, Понитка беше стрелец на 22. поени...

објавено: 31 август 2017 - 15:25

Стартуваше 40. издание на Евробаскетот. И тоа во Хелсинки, каде на програмата беше првиот меч од групата „А". Оној во кој се сретнаа селекциите на Полска и на Словенија.

Славеа популарните „змаеви", со сигурни (90:81), доволни за првите два бода на шампионатот.
Пред се затоа што во своите редови имаа еден вистински „змај" од играч каков што дефинитивно е Горан Драгич.


НБА звездата на Словенија беше недофатлив за полската одбрана. Им испорача 30. поени (11/18 од поле), плус 4.асистенции и 2. скока. Видмар и Дончиќ постигнаа по 11 во првиот триумф над Словенците кои ја добија првата четвртина со резултат (24:22), а на полувреме заминаа со уште поголема позитива, од седум поени (53:46).
Во третиот период и дефинитивно го скршија отпорот на Полска. Поведоа и со двоцифрена разлика, која во последната четвртина Пољаците ја претворија само во еден пристоен пораз, (90:81).
Кај нив, Понитка беше стрелец на 22 кошеви, Американецот Слотер даде 12, а снажниот Карновски уште 11.

Најново во Кошарка