РЕАЛ МАДРИД ПОВЕДЕ СО (2-1) ПРОТИВ ПАНАТИНАИКОС

Џејси Керол ги води „кралевите" кон Белград

Американскиот шутер одигра без грешка во нападот, ги погоди сите шест шута од поле и двете слободни фрлања во триумфот од (81:74) над ПАО, за пресврт во резултатот во серијата (2-1).

објавено: 25 април 2018 - 20:57

Кога веќе направија брејк во Атина, кошаркарите на Реал Мадрид не сакаа(т) таа голема предност која ја носи играњето на домашен терен и да ја испуштат.

Во третиот меч од серијата, пред својата публика во Мадрид беа подобри од Панатинаикос (81:74), па сега водат со (2-1) во четвртфиалето на плеј-офот во кое им треба само уште една победа да се пласираат на завршниот турнир во Белград.

Американскиот шутер, Џејси Керол беше незадржив за одбраната на „зелено-белите" од Атина. Ги погоди трите шута за три, трите шута за два поени, но и двете слободни фрлања.
Со 17. поени беше единствениот двоцифрен играч во кралскиот тим кој има две шанси да оди на нов настап на „Фајнал-фор" турнирите од Евролигата.
Инаку, по доста голема пауза, во тимот на Пабло Ласо се врати Серхио Љуљ. Одигра нецели 20.минути, реализираше осум поени, макар и со слаб процент на реализација (2/7 за три и 1/2 за два поени)
Првата е за 48.часа, на истото место.

Најново во Кошарка