МНОГУМИНА ЗНААТ ДА БИДАТ ЛУТИ НО...

ЕДЕН Е ЖЕЉКО: „Црвен е како пиперка", или станува збор за некоја друга боја на лицето? (ФОТО)

Дека Жељко Обрадовиќ не е обичен кошаркарски тренер, за тоа не сведочат само оние девет шампионски пехари од Евролигата.

објавено: 21 мај 2018 - 20:50

Дека Жељко Обрадовиќ не е обичен кошаркарски тренер, за тоа не сведочат само оние девет шампионски пехари од Евролигата. Туку доста повеќе и еден детал од финалето на елитното клупско натпреварување во Белград, во кое неговиот Фенербахче му го предаде европскиот трон на Реал Мадрид по поразот од (80:85) во големото финале.

После една грешка на Марко ГУдуриќ. Обрадовиќ му упати доста замерки на српскиот репрезентативен бек. Но, на тој израз на лицето, во тој грч, во таа нереална боја, се гледа колку Обрадовиќ сериозно ја сфаќа кошарката.
Многу посериозно од многу други негови колеги, тоа е јасно, одамна...
Затоа и популарниот „Жоц" е рекордер на Евролигата со девет титули. Ниту еден друг тренер во историјата нема повеќе од четири, на пример...

Инаку, одговорот на прашањето која е оваа боја на лицето, стигна многу брзо.
Станува збор за зарѓана бакар, боја која има еден сосема поинаков бројчан назив во светот на компјутерите... Но тоа е веќе надвор од темата...

 

Најново во Кошарка