РЕАЛ МАДРИД НЕ (ПО) ПУШТА

ЕВРО-ШАМПИОНОТ СЕРИОЗНО ОСЛАБЕН: Без '"кралскиот" двоец Дончиќ-Рејндолф кон Мундијалот

Новиот селектор на Словенија, Радо Трифуновиќ, го објави списокот на 14. играчи на кои ќе смета во ноемврискиот циклус на квалификацитие за Светскиот Куп 2019.

објавено: 13 ноември 2017 - 20:00

Сериозно ослабена ќе биде најдобрата европска репрезентација во претстојниот квалификациски циклус за пласман на Светскиот Куп кој во 2019 година треба да се одржи во Русија.

Новиот селектор на Словенија, Радо Трифуновиќ, кој привремено ќе го менува Игор Кокошков, определи група од 14. кошаркари на кои ќе смета за првите натпревари од квалификациската трка.

Би се рекло и помалку очекувано, на списокот нема де од играчите кои настапуваат во клубови од Евролигата. Меѓу нив и двајца од најдобрите, членовите на Реал Мадрид, Лука Дончиќ односно Ентони Рејндолф.
Сепак, Словенците се исклучок, кога е во прашање ростерот, затоа што во него сепак влегоа и имиња на играчи кои во оваа прва фаза од сезоната играа во Евролигата. Станува збор за Едо Мурич (Анадолу Ефес), Зоран Драгич (Армани милано), кој всушност се враќа во националниот тим, и Јуриј Мацура, кој е дел од шпанската Басконија.
Па за дуелите на актуелниот европски првак за дуелот на 23. номеври против Белорусија, Трифуновиќ ќе смета и на: Јака Блажиќ (Андора), Влатко Чанчар (Мега), Жига Димец (Крка), Зоран Драгич (Армани), Грегор Хроват (Олимпија), Миха Лапорник (Златорог), Јуриј Мацура (Басконија), Клемен Препелиќ (Левалоа), Матиц Ребец (Еенисеј), Лука Рупник (Фуенлабрада), Жан Марк Шишко (Илирија), Гашпер Видмар (Банвит), Саша Загорац (Шопрон).
Инаку, во оваа силна група се уште и селекциите на Шпанија и на Црна гора.

Најново во Кошарка