НАШИОТ ГЛАВЕН ГРАД ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ

ЕВРОЛИГА ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: „Јане Сандански“ ги отвара вратите за Будуќност!

И додека многумина се радуваа дека Црвена Звезда би можела да остане во Евролигата. „Спортмедиа" дојде до интересна информација, по потврдата на претседателот на клубот Драган Бокан дека тимот од Подгорица ќе игра меѓу најдобрите екипи во Европа.

објавено: 15 април 2018 - 19:00

По освојувањето на историската шампионска титула во АБА-лигата, Будуќност е на „слатки" маки. Црногорскиот тим предводен од некогашниот македонски селектор, Александар Џикиќ синоќа автоматски обезбеди место во Евролигата. Во јавноста пред да заврши финалната серија излезе информација дека настапот во најелитното европско клупско натпреварување на Будуќност виси поради не исполнување на еден од главните услови – сала со капацитет од најмалку 5.000 седишта. „Морача" може да собере само 4.000.

И додека многумина се радуваа дека Црвена Звезда би можела да остане во Евролигата токму поради овој проблем, „Спортмедиа" дојде до интересна информација, по потврдата на претседателот на клубот Драган Бокан дека тимот од Подгорица ќе игра меѓу најдобрите екипи во Европа.

Будуќност првите неколку натпревари од Евролигата би можел да ги игра во Скопје, поточно во „Јане Сандански". Оваа сала ги исполнува сите услови за да се одигра меч од рангот како што е Евролигата. Капацитетот на „Јане Сандански" е 6.500 седишта, салата е близу до аеродромот во Скопје, а голем плус е што е во склоп на хотелот „Русија".

Ова е една од опциите која истовремено е проблем за навивачите на црногорскиот тим, кој ќе мораат да патуваат до Македонија за да ги бодрат кошаркарите.

„Прво ќе славиме, а потоа ќе почнеме да се бориме за Евролига. Ќе направиме се за да бидеме дел од ова натпреварување и секако да обезбедиме буџет за да може да им парираме на останатите екипи", е изјавата на Бокан.

Тежина на информацијата на „Спортмедиа" дава и посетата на некогашниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски во Подгорица. Тој беше гостин на првиот човек на Будуќност на двата меча, па сигурно идејата за Скопје потекнува можеби токму од него...

Дали постојат вистински шанси во нашиот главен град да се игра евролигашка кошарка останува да биде познато во скоро време.

Најново во Кошарка