НАЈАВА ЗА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Евролига ја одби ФИБА

Челниците на Евролига и клубовите го одбија предлогот на ФИБА за промена на натпреварувачкиот календар. 

објавено: 6 октомври 2017 - 19:33

Евролига нема да направи отстапки. На состанокот на најелитното европско клупско натпреварување, кој заврши пред малку, челниците и клубовите не го прифатија предлогот на ФИБА за промена на натпреварувачкиот календар.

Светската куќа на кошарката испрати барање натпреварите од Евролигата да се играат во вторник, за да може играчите да и бидат на располагање на репрезентацијата за квалификациите во термините ноември 2017 односно февруари 2018 година.

Сепак Евролига одлучи да го одбие предлогот и во најскоро време се очекува и официјално соопштение. 

 

Најново во Кошарка